спорт

Арда Туран нов играч на истанбулскиот Медипол Башакшехир

„Арда Туран денес во татковината се враќа во портокалов дрес (Башакшехир). Ова не е трансфер само на Башакшехир, туку и на Турција. Нека ни е со среќа на сите“, напиша Ѓумушдаг.

Ercan Doğan  | 13.01.2018 - Обновена : 14.01.2018
Арда Туран нов играч на истанбулскиот Медипол Башакшехир

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот фудбалер и доскорешен член на шпанската Барселона, Арда Туран, премина во редовите на истанбулскиот прволигаш Медипол Башакшехир, јавува Anadolu Agency (AA).

Оваа информација ја потврди претседателот на фудбалскиот клуб Медипол Башакшехир, Ѓоксел Ѓумушдаг, кој трансферот на Арда Туран го објави на Твитер профилот на клубот.

„Арда Туран денес во татковината се враќа во портокалов дрес (Башакшехир). Ова не е трансфер само на Медипол Башакшехир, туку и на Турција. Нека ни е со среќа на сите“, напиша Ѓумушдаг.

Арда Туран од редовите на турскиот прволигаш Галатасарај во 2011 година премина во екипата на шпанскиот Атлетико Мадрид. По четири сезони поминати во Мадрид, Арда во 2015 година премина во Барселона, за која забележа 35 настапи и постигна пет погодоци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın