спорт

Барселона подготвува нова понуда за Kутињо во вредност од 150 милиони евра

Понудата се состои од два дела. Ливерпул веднаш да добие 110 милиони евра, а остатокот преку бонуси што Кутињо треба да ги исполни во дресот на Барса

Dejan Maksimovic  | 23.08.2017 - Обновена : 24.08.2017
Барселона подготвува нова понуда за Kутињо во вредност од 150 милиони евра

London

ЛОНДОН (АА) - Британскиот „SkySport“ (Скај спорт) објави дека Барселона подготви нова понуда за Филип Кутињо, фудбалер на Ливерпул. Наводно, овој пат, Барса ќе понуди 150 милиони евра за Бразилецот на клубот Енфилд, јавува Anadolu Agency (AA).

Понудата се состои од два дела. Ливерпул веднаш да добие 110 милиони евра, а остатокот преку бонуси што Кутињо треба да ги исполни во дресот на Барса.

„Филип никогаш не беше одлучен да го напушти Ливерпул. Тоа значи дека приказните оти Барселона размислува да се повлече од преговорите се апсолутна бесмислица. Сега сè е во игра, картите се на маса и никогаш нема да се откаже од борбата за Кутињо“, изјави извор од Шпанија за „SkySport“.

Наводно, бонусот од 40 милиони евра е поврзан со настапите на Кутињо во Лигата на шампионите и се очекува тие да бидат многу лесно исполнети, се разбира, кога бразилскиот играч ќе пристигне во Барселона. Ливерпул досега одбил три понуди за Барса. Останува да се види како ќе реагира на четвртата.

Кутињо неодамна потпиша нов петгодишен договор со Ливерпул, во кој нема клаузула за ослободување. На Енфилд пристигна од Интер, во 2013 година, за 9,4 милиони евра. Во црвениот дрес играше 182 официјални натпревари и постигна 42 гола. Кутињо за репрезентацијата на Бразил одигра 28 пати, со седум погодоци.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın