спорт

Бензема на ифтар во градските улици на Истанбул

Напаѓачот на Реал беше на ифтар заедно со другите луѓе на заедничкиот ифтар кој традиционално се одржуваат на истанбулските улици во текот на месецот рамазан

Hilmi Sever  | 06.06.2017 - Обновена : 07.06.2017
Бензема на ифтар во градските улици на Истанбул

Istanbul

ИСТАНБУЛ (AA) - Напаѓачот и ѕвездата на Реал Мадрид Карим Бензема вечерва заедно со другите верници присуствуваше на ифтар на градските улици на Истанбул, кој го организираше истанбулската општина Фатих, јавува Anadolu Agency (AA).

Напаѓачот на Реал беше на ифтар заедно со другите луѓе на заедничкиот ифтар кој традиционално се одржуваат на истанбулските улици во текот на месецот рамазан.

По ифтарот кратко разговараше и со неколку африкански фудбалери кои живеат во општината Фатих.

Бензема пред самиот ифтар ја посети општината Фатих каде разговараше со градоначалникот Мустафа Демир и другите функционери.

Градоначалникот Демир во таа прилика на францускиот напаѓач со алжирски корени, му подари макета на џамијата Сулејманија во Истанбул, додека Бензема на градоначалникот му подари дрес на Реал со потпис.

Бензема денеска го посети и парализираниот Зекеријах Акѓул, кој некогаш играл фудбал во аматерска лига.

Претходно денеска Бензема рече дека, откако финалето е завршено, одлучил да ја посети Турција во текот на месецот Рамазан.

Моментално сме во месец Рамазан. Сите одат на одмор а јас поради тоа што сум муслиман, одлучив да ја посетам Турција. Станавме прваци, но на мене во животот ми се важни другите работи. Сакам едноставно на луѓето да им го разубавам животот. Следен пат планирам да дојдам во Турција со семејството", рече францускиот напаѓач.

Францускиот фудбалер наводно утре ќе ја заврши посетата на Истанбул.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın