спорт

Буфон против Албанија по илјадити пат на голот

Буфон прими 799 гола во досегашните 999 натпревари. Во професионалниот фудбал дебитираше на голот на Парма во 1995 година, кога имаше 17 години

Dejan Maksimoviç  | 24.03.2017 - Обновена : 25.03.2017
Буфон против Албанија по илјадити пат на голот

Roma

РИМ (АА) - Италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон (39) вечерва, на натпреварот на својот национален тим против Албанија во квалификациите за Светското првенство во 2018 година во Русија, ќе застане на голот по илјадити пат, јавува Anadolu Agency (AA).

Тоа ќе биде дури 168 натпревар за Италија за голманот Буфон, што е најголем број на настапи на некој европски играч во националниот тим, повеќе од Шпанецот Икер Касиљас и од Латвиецот Виталис Афтавиевс, кој го достигна бројот од 167 натпревари.

За да го сруши светскиот рекорд што го држи Египќанецот Ахмед Хасан, со 184 настапи за националниот тим, на Буфон му недостасуваат уште 17 натпревари.

„За мене, овој илјадити натпревар претставува огромно задоволство. Мило ми е, но на теренот нема да излезам со поинакви емоции во однос на претходните 999 натпревари. Највозбудливи ми беа моите први натпревари во Серијата „А“ и во националниот тим, и тоа така и ќе остане“, изјави Буфон.

Буфон прими 799 гола во досегашните 999 натпревари. Во професионалниот фудбал дебитираше на голот на Парма во 1995 година, кога имаше 17 години.

Од 2001 година е во дресот на Јувентус. Претходно најави дека ќе се пензионира по Светското првенство во Русија, во 2018 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın