спорт

Валентино Роси се враќа во акција 18 дена по операцијата

Славниот италијански мотоциклист утре ќе одлучи дали ќе се натпреварува за Големата награда на Арагон во Шпанија

Alma Çekovic  | 19.09.2017 - Обновена : 19.09.2017
Валентино Роси се враќа во акција 18 дена по операцијата

Saraevo

САРАЕВО (АА) - Деветкратниот шампион на светот во Мото ГП, Валентино Роси, се враќа во мотоциклизмот 18 дена откако доживеа тешка повреда на тренинг, при што беше подложен на операција, пренесува Anadolu Agency (AA).

Роси на 31 август ги скрши тибијата и фибулата на десната нога, по што беше опериран.

Славниот италијански мотоциклист утре ќе одлучи дали ќе се натпреварува за Големата награда на Арагон во Шпанија.

Возачот на „Yamahа“ (Јамаха) моментално се наоѓа на четвртата позиција во редот на возачите, 42 поена зад лидерот на табелата, Марко Маркез.








На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın