Вардар во Скопје славеше против Копенхаген со 1:0
Балотели во 65. минута со волеј удар успешно погоди во мрежата од голот на Копенхаген, за водство на Вардар од 1-0, што предизвика голема радост на трибините кај навивачите на Вардар
Skopje
СКОПЈЕ (АА) - Скопскиот фудбалски клуб Вардар вечерва на националната арена Филип Втори, славеше со минимална победа од 1-0 на првиот меч против дански Копенхаген во третото квалификациско коло за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, јавува Anadolu Agency (AA).
Во првото полувреме од македонскиот шампион имаше доминација на теренот, ја контролираше играта во континуитет, но сепак не успеа до дојде до гол.
На самиот почеток и екипата на Копенхаген имаше шанса но не постигна гол, и така првото полувреме заврши без голови.
Во второто полувреме Вардар продолжи со офанзивната игра, но од друга страна и гостинскиот тим имаше неколку шанси преку контра напади.
Напаѓачот на Вардар, бразилецот Балотели ја крена публиката на нозе, во 55. минута, излезе сам пред противничкиот голман, но реагираше еден од дефанзивците на гостите кои навремено го блокираше ударот. Венаш потоа, Балотели пак се најде пред противничкиот голман но не успеа да постигне гол.
Балотели во 65. минута со волеј удар успешно погоди во мрежата од голот на Копенхаген, за водство на Вардар од 1-0, што предизвика голема радост на трибините кај навивачите на Вардар.
До крајот на натпреварот Вардар имаше уште неколку шанси но не усепа да го зголеми водството и во Копехгаен ге замине со гол предност.
Мечот во Скопје го судеше германскиот арбитар Даниел Сиберт.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.