спорт

Вардар го победи Фенербахче со 2:0

Фудбалскиот клуб Вардар успеа да го победи тимот на Фенербахче со 2:0 во вечерашниот натпревар од плеј-офот на Лига Европа

Admir Fazlagic  | 17.08.2017 - Обновена : 18.08.2017
Вардар го победи Фенербахче со 2:0

Skopje

СКОПЈЕ (АА) – Фудбалскиот клуб Вардар успеа да го победи тимот на Фенербахче со 2:0 во вечерашниот натпревар од плеј-офот на Лига Европа кој се одигра на националната арена „Филип Втори" во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).

Тимот на Вардар поведе со 1-0 против Фенербахче во 20. минута со погодокот на напаѓачот Тигран Барсегјан, кој излезе сам пред голманот и по земја упати удар со кој го постигна голот за водство на домашниот клуб.

Екипата на турскиот тим ја имаше иницијативата и на самиот почеток создаде конкретна шанса во 8.минута од натпреварот, по нафрлена топка во шеснаесетерецот напаѓачот Ахметхан шутираше, но не успеа постигне погодок.

Во текот на првото полувреме турскиот тим имаше уште неколку шанси. Играчот Алпер Потук имаше шанса во 33 минута, но не усепа да го совлада голманот на Вардар, а пред самиот крај од првиот дел од натпреварот, во 43 минута, судиите поништија гол на Фенербахче, бидејќи беше постигнат од оф-сајд ситуација.

Во второто полувреме гостинскиот тим, Фенербахче, имаше поголем посед на топката и неколку шанси, но не успеа да постигне гол.

На самиот крај на натпреварот во продолжетокот од петте минути, одбрамбениот играч на Фенербахче, Мехмет Топал во недоразбирање со голманот Карлос Камени топката ја упати кон голманот а тој беше немоќен да го смени правецот, со што се зголеми водството на Вардар на 2:0.

На крајот на натпреварот, италијанскиот судија Лука Банти додели два црвени картони, првиот на капитенот на Вардар, Бобан Грнчаров во 89. минута, а вториот неколку минути подоцна, во судиското надополнување, на фудбалерот на Фенербахче, Соуза.







На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın