спорт

Венецуела: Демонстрантите ја запалија куќата на Чавез од детството

Венецуела е погодена од социјална, економска и политичка криза, а новиот бран протести започна на 4 април, кога Врховниот суд ја презеде власта над Народното собрание, кое е под контрола на опозицијата

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 23.05.2017 - Обновена : 24.05.2017
Венецуела: Демонстрантите ја запалија куќата на Чавез од детството

Ankara

КАРАКАС (АА) - Антивладините протести во Венецуела продолжуваат, а демонстрантите ја запалија куќата во која детството го помина Хуго Чавез, некогашен претседател на оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).

Претставникот на опозицијата во Венецуела, Педро Луис Кастиљо, потврди дека демонстрантите ја запалија куќата на Чавез од детството, во западниот град Баринас.

Во Баринас, исто така, беше запалена регионалната канцеларија на Националната изборна комисија и уште неколку згради на државните институции.

За време на демонстрациите во главниот град Каракас, демонстрантите вчера полија со бензин и запалија 21-годишно момче, поради неговата поддршка за актуелната влада.

За време на демонстрациите во земјата загинаа најмалку 49 лица.

Венецуела е погодена од социјална, економска и политичка криза, а новиот бран протести започна на 4 април, кога Врховниот суд ја презеде власта над Народното собрание, кое е под контрола на опозицијата. Иако судот набрзо ја смени таа одлука, протестите не престанаа.

Протестите се интензивираа на почетокот од месецот, кога студентите го отфрлија декретот на претседателот Мадура, со кој се прекројува Уставот што во 1999 година го спроведе популарниот бивш претседател Хуго Чавез.

Опозицијата ја обвинува владата за економската криза и бара предвремени избори, како и ослободување на повеќе од 100 политички затвореници. Тие тврдат дека одлуката за прекројување на Уставот е за да се сврти вниманието од проблемите во земјата и да се одложат предвремените избори.

Според податоците на Венецуелскиот кривичен форум, групата што го следи затворскиот систем и затворениците, во протестите досега се повредени повеќе од 400 луѓе, а околу 1.700 се во притвор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.