спорт

Вејн Руни објави крај на репрезентативната кариера

Најдобриот стрелец во историјата на фудбалската репрезентација на Англија, Вејн Руни, 119 пати настапи во националниот тим, постигнувајќи 53 гола

Alma Çekovic  | 23.08.2017 - Обновена : 24.08.2017
Вејн Руни објави крај на репрезентативната кариера

London

ЛОНДОН (АА) - Најдобриот стрелец во историјата на фудбалската репрезентација на Англија, Вејн Руни, ја заврши репрезентативната кариера, јавува Anadolu Agency (AA).

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, вчера го повика 31-годишниот напаѓач назад во националниот тим за квалификациските натпревари за Светското првенство во 2018 година, по добрите настапи со Евертон во Премиер лигата, каде што постигна два гола.

Сепак, поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед за време на разговорите ја соопшти својата одлука за повлекување од меѓународниот фудбал.

„Ја ценам поканата на Герет Саутгејт да се вратам во англискиот тим за следните натпревари. Сепак, по долго и тешко размислување, му кажав дека одлучив да се повлечам од меѓународниот фудбал. Тоа е многу тешка одлука и за тоа зборував со моето семејство, менаџерот на Евертон и со моите блиски луѓе“, изјави Руни во соопштението.

Поранешниот капитен на Англија смета дека ова е вистинското време за да се повлече од меѓународниот фудбал.

„Напуштањето на Манчестер Јунајтед беше тешка одлука, но знам дека е исправно што се вратив дома, во Евертон. Сега целата моја енергија сакам да ја пренасочам во тим на којшто ќе му помогнам да биде успешен. Секогаш ќе останам страствен навивач за Англија“, рече Руни.

Напаѓачот на Евертон 119 пати настапи во националниот тим на Англија, постигнувајќи 53 гола.

Руни на вечната листа го надмина легендарниот Боби Чарлтон, кој 49 пати беше стрелец во дресот на „Гордиот Албион“.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın