спорт

Виктор Переира на клупата на кинескиот вицепрвак Шангај СИПГ

Тој на клупата во Шангај ќе го замени Андреј Вилас-Боас, со кој клубот неодамна ја прекина соработката

Serhat Bağbars  | 12.12.2017 - Обновена : 12.12.2017
Виктор Переира на клупата на кинескиот вицепрвак Шангај СИПГ

Peking

ПЕКИНГ (АА) - Португалскиот фудбалски експерт Виктор Переира ќе ја продолжи својата тренерска кариера во Кина и ќе го предводи шангајскиот тим СИПГ, јавува Anadolu Agency (AA).

Менаџментот на шангајскиот клуб СИПГ соопшти дека договорот е постигнат и оти 49-годишниот Переира ќе биде шеф на стручниот штаб во наредната сезона.

Переира во тренерската кариера ги водеше екипите на Порто, Ал Ахли, Олимпијакос и Фенербахче, а минатата година ја мина на клупата на германскиот второпласиран Минхен 1860.

Тој на клупата во Шангај ќе го замени Андреј Вилас-Боас, со кој клубот неодамна ја прекина соработката.

Шангај СИПГ минатата сезона, на кинеската Супер лига заврши на второто место, со 58 поени, шест помалку од шампионот на Гуангџоу Евергранде.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.