спорт

Второ најбрзо време во историјата: Кенениса Бекеле победник на Берлинскиот маратон

Повеќекратниот олимписки шампион и светски првак во трка на 10.000 метри, денеска во Берлин го истрча второто најбрзо време во историјата - 2:03:03 часа

Ekipa  | 25.09.2016 - Обновена : 26.09.2016
Второ најбрзо време во историјата: Кенениса Бекеле победник на Берлинскиот маратон

Berlin

БЕРЛИН (АА) - Keнениса Бекеле (34), од Етиопија е победник на овогодинешното 43. издание на Берлинскиот маратон, јавува Anadolu Agency (AA).

Повеќекратниот олимписки шампион и светски првак во трка на 10.000 метри, денеска во Берлин го истрча второто најбрзо време во историјата - 2:03:03 часа.

Со ова Бекеле го подобри за две минути неговиот личен рекорд во Париз во 2014 година.

На Берлинскиот маратон Етиопјанецот го престигна својот најголем ривал, 34-годишниот Кениец, Вилсон Кипсанг, кој на целта заврши само десет секунди зад него.

Со време од 02:03:13 Кипсанг го постигна најдобриот резултат во кариерата. Трет на целта беше, Кениецот Еванс Чебет со време од 2:05:31 часа.

Во женска конкуренција Етиопијанките ги зедоа првите три места. Најбрза беше Aберу Кебеде (2:20:45 часа), второто место и припадна на Бирхане Дибаба со време од 2:23:58, а третата беше Рут Ага со време од 2:24:41 часа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın