спорт

Гвардиола: За да поминеме, мораме да дадеме гол во Монако

Монако има побогата историја во Лигата на шампионите од нас и морате да доживеете вакви ситуации, да бидете во неволја, да ја надминете и да станете подобар клуб и подобар тим, вели Пеп Гвардиола

Dejan Maksimoviç  | 22.02.2017 - Обновена : 22.02.2017
Гвардиола: За да поминеме, мораме да дадеме гол во Монако

Manchester

МАНЧЕСТЕР (AA) – Манчестер Сити и Монако синоќа одиграа сјаен прв натпревар од осмина-финалето на Лигата на шампионите. На крајот „граѓаните“ славеа со 5:3 но нивниот менаџер Пеп Гвардиола смета дека за да поминат понатаму ќе биде неопходен барем еден гол во Монако, јавува Anadolu Agency (AA).

На средбата полна со пресврти Сити се снајде подобро во заврштетокот и негативата од 2:3 во 61. минута, до крајот на средбата ја претвори во предност од 5:3.

„Многу нешта се случија и уште сѐ е отворено. Игравме фантастично, неверојатно. Секако дека сум среќен поради резултатот, бидејќи сме уште живи, а особено поради играта што играчите ја прикажаа. За повеќето нив, тоа беше прво искуство во оваа фаза од Лигата на шампионите и ваквите работи можат да му помогнат на клубот да оди уште еден чекор понапред. Познато е моето мислење за тоа. Монако има побогата историја во Лигата на шампионите од нас и мора да доживеете вакви ситуации, да бидете во неволја, да ја надминете и да станете подобар клуб и подобар тим“, рече Гвардиола.

Без оглед на предноста од два гола, Гвардиола смета дека во реваншот неговиот тим не го чека ниту малку лесна работа.

„Одиме во Монако за да постигнеме колку што е можно повеќе голови. Сега подобро се познаваме едни со други, ние ќе се приспособиме, но и тие ќе се приспособат. Ако не постигнеме гол во Монако, ќе бидеме елиминирани“, јасно порача Гвардиола.

Реванш-мечот од осмина-финалето на Лигата на шампионите, Монако и Манчестер Сити ќе го играат на 15. март на стадионот „Луј II“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.