спорт

Грција: Ексголманот Никополидис помогна да се формира бегалски тим „Надеж“

Им помагаме на луѓето кои се соочуваат во тешки моменти во својот живот. Тие се гости во нашата земја, а ние се трудиме со сето ова да им дадеме неколу часа среќа секој ден, вели Никополидис

Ekipa  | 15.02.2017 - Обновена : 16.02.2017
Грција: Ексголманот Никополидис помогна да се формира бегалски тим „Надеж“

Skaramangas

СКАРАМАНГАС (AA) – Многумина љубители на фудбалот во Европа ќе се сетат на Антонис Никополидис (46) некогаш извонредниот голман кој на репрезентацијата на Грција во 2004 година ѝ помогна да дојде до титулата шампион на стариот континент, пренесува Anadolu Agency (AA).

Никополидис, кој сега е селектор на младата репрезентација на Грција, им помага на бегалците кои останаа во неговата земја да ја вратат смислата на животот. Тој помогна да се формира тим, кој го носи името „Надеж“ (на грчки јазик „Елпида“). За екипата играат бегалци кои побараа спас од воените зони во Сирија, Јемен, Ирак и во Авганистан.

Повеќето играчи од овој фудбалски тим живеат во Скарамангас, индустриска зона западно од Атина, која е претворена во населба од метални контејнери, па куќите наликуваат на кутии за чевли.

Тие во неделите се натпреваруваат во аматерската лига, а ривали им се тимовите во кои играат правници, работници во телеком, сметководители и службеници од многу други професии.

Никополидис вели дека тренинзите и натпреварите се добредојдени и се начин за забава и младите бегалци да заборават на својата неизвесна иднина којашто е врзана за програмата за реадмисија на Европската Унија, која многу бавно се реализира.

„Им помагаме на луѓето кои се соочуваат во тешки моменти во својот живот. Тие се гости во нашата земја, а ние се трудиме со сето ова да им дадеме неколу часа среќа секој ден“, вели Никополидис.

Фудбалот е главен извор на забава за околу 60.000 бегалци и економски мигранти кои живеат во камповите во Грција, чекајќи да се заврши процедурата на нивните барања за азил и да им се одобри преселбата во земјите на Европската Унија.

Европската фудбалска федерација (УЕФА) додели средства за помош на бегалците во 15 земји. Дел од тие пари отидоа и во Грција и се користат за спонзорирање на тимот на Никополидис.

„За мене е голема радост да се работи на ова. Главна работа е младите да уживаат и да им е забавно. Создадовме група на пријатели, која ја поврзува пријателство и тие функционираат како некое семејство“, истакнува Никополидис.

Речиси 9.000 бегалци се преселија од Грција во другите земји на ЕУ, а тренерот Никополидис остана без некои поважни играчи. Меѓутоа, темпото на нивното преселување е многу бавно, така што повеќето играчи на фудбалската екипа „Надеж“ очекуваат уште извесно време да престојуваат во Грција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.