спорт

Ел Мундо Депортиво: Арда Туран заминува од Барселона

Спортскиот шпански весник „Ел Мундо Депортиво", кој внимателно ја следи Барселона, на насловна страна објави текст во кој наведува дека 30-годишниот фудбалер заминува од Камп Ноу

Şenhan Bolelli  | 24.05.2017 - Обновена : 25.05.2017
Ел Мундо Депортиво: Арда Туран заминува од Барселона

Madrid

МАДРИД (АА) - Tурскиот репрезентативец Арда Туран би можел да замине од шпанскиот клуб Барселона тврдат медиумите, пренесува Anadolu Agency (AA).

Спортскиот шпански весник „Ел Мундо Депортиво", кој внимателно ја следи Барселона, на насловна страна објави текст во кој наведува дека 30-годишниот фудбалер заминува од Камп Ноу.

Каталонскиот весник тврди дека веројатно Арда Туран следната сезона нема игра во дресот на Барселона.

Исто така весникот тврди дека поддршката за Туран во клубот ќе заврши откако тренерот Луис Енрике кој имаше влијание во трансферот на Туран од Атлетико Мадрид во Барселона, заминува од клубот откако ќе се одигра финалето на шпанскиот кралски куп на 27 мај против Алавес. 

Меѓу другото, постојат тврдења дека 30-годишниот играч од среден ред кој од 26 април не доби шанса да одигра во ниту еден натпревар во Барселона, добил понуди од клубовите Арсенал (Англија) и Интер (Италија), како и од некои клубови во Кина и Турција.

Арда Туран оваа сезона со дресот на Барселона одигра вкупни 18 натпревари, од кои на 14 дуели беше во првиот состав, каде постигна три погодоци и три асистенции.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.