спорт

Затворени Зимските олимписки игри, Норвежаните со најмногу медали

На завршната церемонија на Зимските олимписки игри присуствуваше ќерката и советничка на американскиот претседател, Иванка Трамп, и висока делегација на Северна Кореја

Elvir Hociç  | 25.02.2018 - Обновена : 26.02.2018
Затворени Зимските олимписки игри, Норвежаните со најмногу медали

Pyeongchang

ПЈОНГЧАНГ (АА) - Со церемонија во јужнокорејскиот Пјонгчанг беа затворени XXIII Зимски олимписки игри, кои беа наречени „Игри на мирот“, пренесува Anadolu Agency (AA).

Зимските олимписки игри во Пјонгчанг официјалнo беа отворени на 9 февруари, а по 16 дена натпреварување, беше одржана и церемонијата на затворање на која присуствуваше и висока делегација на Северна Кореја и ќерката и советничка на американскиот претседател, Иванка Трамп.

На церемонијата присуствуваше и севернокорејскиот генерал Ким Јонг-чол, шефот на севернокорејската разузнавачка служба, кој значителен дел од јавноста во Јужна Кореја го смета за воен злосторник.

Со поканата упатена до младите да се соберат за четири години во Пекинг, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах ги затвори Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

„Вие покажавте како спортот ги зближува луѓето во нашиот кревок свет, покажавте како спортот гради мостови. МОК ќе го продолжи овој олимписки дијалог, дури и кога ќе се изгаси олимпискиот оган“, порача Бах.

Под името „Игри на мирот“, ЗОИ во Пјонгчанг направи големи чекори да ги обедини двете Кореи.

На олимписките борилишта беа видени возбудливи и неизвесни натпревари, а на организаторите најмногу проблеми им донесе ветрот, поради кој постојано се менуваше распоредот на натпреварите.

Со одлука на Меѓународниот олимписки комитет поради допинг скандалот, ниту на затворањето на ЗОИ го немаше руското знаме, а спортистите од оваа земја настапуваа под олимписки обележија.

Сепак, руската химна беше пуштена во Пјонгчанг и тоа во изведба на руските хокеј играчи, кои по освојувањето на златниот медал денеска самите ја отпеаја химната додека свиреше Олимписката.

По 16 дена од натпреварувањата беа поделени 102 златни медали. Медалите ги освоија вкупно 30 земји.

Норвешка е рекордер во бројот на освоени медали, со 39 медали го соборија олимпискиот рекорд на САД (37) од Зимските олимписки игри во Ванкувер во 2010 година.

Со по 14 златни и сребрени, и 11 бронзени медали, Норвежаните беа доминантни на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, а Зимските олимписки игри завршија со победата на Норвежанката Марит Бјоберг, која исто така е рекордерка на сите времиња со 15 олимписки медали.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın