спорт

Зидан освои 6 трофеи во 88 натпревари

Зинедин Зидан во својата кариера за 10 сезони, колку што го носеше дресот на Реал Мадрид, освои 12 трофеи. Тој исто така, како тренер на Реал Мадрид, продолжи да освојува трофеи во својата кариера

Yunus Kaymaz  | 09.08.2017 - Обновена : 10.08.2017
Зидан освои 6 трофеи во 88 натпревари

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - ЈУНУС КАЈМАЗ - Тренерот на шпанскиот клуб Реал Мадрид, Зинедин Зидан, со освојувањето на трофејот на Суперкупот на УЕФА, со победа против Манчестер Јунајтед, додаде уште еден нов успех кон своите успеси во овој клуб, пишува Anadolu Agency (AA).

Зидан во својата кариера за 10 сезони, колку што го носеше дресот на Реал Мадрид, освои 12 трофеи. Тој исто така, како тренер на Реал Мадрид, продолжи да освојува трофеи во својата кариера.

Четириесет и петгодишниот француски тренер во јануари минатата година дојде на позицијата тренер на овој клуб, а од тој ден до денес освои шест трофеи.

Првиот трофеј на 45-годишниот Зидан беше освојувањето на Лигата на шампионите во минатите две сезони. Во четвртиот месец откако стана тренер на Реал Мадрид, славеше против градскиот ривал Атлетико во финалето на Лигата на шампионите. Во август минатата година, Зидан со Реал Мадрид ја победи Севиља во Супер Купот, а во декември го освои Светското купско првенство во Јапонија. Во последното финале на Лигата на шампионите, Реал славеше против Јувентус, а минатата сезона ја освои и шпанската Ла Лига.

Една година и осум месеци по започнувањето на тренерската позиција во Реал Мадрид, Зидан ја зачува титулата „шампион“ во Лигата на шампионите на УЕФА и Суперкупот на УЕФА. Кралскиот клуб оваа сезона заврши на лидерската позиција пред каталонскиот клуб Барселона.

- 6 трофеи во 88 натпревари -

Зидан по започнувањето на неговата кариера како тренер во клубот на главниот град излезе на 88 натпревари, и на околу 15 дуели освои по еден трофеј.

Францускиот тренер својата кариера во Реал Мадрид ја започна на 9 јануари 2016 година, со натпреварот против Депортиво, кој го победија со резултат од 5-0, а 19 месеци го водеше клубот во 88 натпревари. Реал Мадрид во овој период победи во 66 дуели, одигра 15 нерешени натпревари, а во 7 меча беше поразен.

Реал Мадрид во овие дуели постогна 247 погодоци, додека прими 92 голови. 

Францускиот експерт со Реал Мадрид на сите натпревари оствари 66 победи, 15 пати неговиот тим одигра нерешено, а поразен е седум пати. Реал под водство на Зидан постигна 247, а прими 92 гола.

Во историјата на клубот долга 115 години, Зидан е на четвртото место на вечната листа на тренери, кога ќе се земат предвид сите постигнати резултати . Прв на листата е Мигел Муњоз, кој од 1960 до 1974 година со Реал Мадрид освои вкупно 14 трофеи, втор е Луис Моловни, со осум трофеи, а трет е Висенте Дел Боске со седум трофеи.

Зинедин Зидан не изгуби ниту едно финале во кое настапи како тренер на Реал Мадрид. Во финалињата на Лигата на шампионите победи против Атлетико Мадрид и Јувентус, во УЕФА Суперкупот ги победи и Јунајтед и Севилја, а во финалето на Светското клупско првенство неговиот тим беше подобар од јапонскиот клуб Кашима.

За информација, како тренер и како играч Зидан играше во четири УЕФА Суперкупови, во 1996, 2002, 2016 и 2017 година и секој пат тој беше на победничката страна.

- „Несреќниот" резултат на Мурињо -

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, со синоќешниот пораз во Скопје го запиша својот трет пораз на натпреварите на Суперкупот, колку што го предводеше тимот во ова натпреварување. Португалецот го изгуби Суперкупот во 2003 година, кога неговиот Порто претрпе минимален пораз од страна на италијанскиот Милан.

Десет години подоцна, на клупата на лондонски Челзи, Мурињо во Суперкупот играше против германскиот Баерн Минхен. Натпреварот од 2013 година заврши поразна Челзи по успешно од пенал. Минатата ноќ, како тренер на Јунајтед беше поразен од Реал Мадрид.

Мурињо (54) петпати предводеше некој тим против својот поранешен клуб Реал Мадрид, и забележа четири порази. Тој е првиот тренер кој има три порази во Суперкупот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın