спорт

Зидан призна дека постои можност да го напушти Реал налето

Французинот, кој клубот од Мадрид го води веќе трета сезона, на прес-конференција призна дека работата што ја извршува е исклучително заморна и дека наскоро може да се случат одредени промени во клубот

Alma Çekovic  | 18.02.2018 - Обновена : 19.02.2018
Зидан призна дека постои можност да го напушти Реал налето

Madrid

МАДРИД (АА) - Менаџерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, може да го напушти „кралскиот клуб“ на крајот од сезоната, пренесува Anadolu Agency (AA).

Французинот, кој клубот од Мадрид го води веќе трета сезона, на вчерашната прес-конференција призна дека работата што ја извршува е исклучително заморна и дека наскоро може да се случат одредени промени во клубот.

Мадридскиот весник „AS“ јавува дека Зидан го информирал стручниот штаб за можноста налето да го напушти „Бернабеу“, без оглед на резултатите на клубот.

Зидан за можно заминување почна да зборува во август минатата година, иако го продолжи договорот до 2020 година.

Мадридскиот весник потсетува дека желбата на бившата ѕвезда на Реал е во иднина да ја води репрезентацијата на Франција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın