спорт

Истанбул: Илјадници пливачи од Азија во Европа го препливаа Босфор

Русинката Кристина Koчеткова е победник на натпреварот во женска конкуренција, која босфорската патека долга 6,5 километри ја преплива помалку од 54 минути

Fatih Hafız Mehmet  | 23.07.2017 - Обновена : 24.07.2017
Истанбул: Илјадници пливачи од Азија во Европа го препливаа Босфор

Ankara

ИСТАНБУЛ (АА) - Околу 2.300 пливачи од 49 земји учествуваа денеска на 29-то Самсунг Интерконтинентален натпревар преку Босфор, јавува Anadolu Agency (AA).

Учесниците на натпреварот во пливање тргнаа од место Kaнлиџа на азискиот брег на Босфор, а трката заврши на европскиот брег во близина на паркот Ќучукшешме Џемил Топузлу.

Русинката Кристина Koчеткова е победник на натпреварот во женска конкуренција, која босфорската патека долга 6,5 километри ја преплива помалку од 54 минути, додека нејзината сонародник Јуриј Eлисев беше најдобар во машката конкуренција и Босфор го преплива за 50 минути и 58 секунди.

Турскиот министер за спорт и млади, Осман Аскин Бак изјави дека Турција е безбедна земја за спорт и туризам, а тоа го потврди и денешниот натпревар во Истанбул.

„Некои зборуваа за тероризмот во нашата земја, но гледате дека ние продолжуваме нормално да живееме. Турција ќе продолжи по својот пат на развој и инвестиции во спортот и културата", изјави Бак.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın