спорт

Квалификации за ЛШ: Вардар во Скопје го прeчекува Копенхаген

Првите натпревари од третиот круг на квалификациите за Лигата на шампионите ќе се одиграат утре и в среда, на 26 јули

Mutlu Demirtaştan  | 24.07.2017 - Обновена : 25.07.2017
Квалификации за ЛШ: Вардар во Скопје го прeчекува Копенхаген

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Возбудата од 3. круг од квалификациите за Лигата на шампионите во фудбал започнува утре, јавува Anadolu Agency (AA).

Првите натпревари од 3. круг на квалификациите за најголемото европско клупско натпреварување во фудбал, Лигата на шампионите, ќе се одиграат утре и в среда, на 26 јули.

Македонија во квалификациите за Лигата на шампионите ја претставува ФК Вардар, кој по победата над шведскиот претставник Малме, во 2. круг од квалификациите, овојпат се среќава со данскиот претставник Копенхаген.

Натпреварот меѓу Вардар и Копенхаген ќе се одигра утре, 25. јули, со почеток во 20:00 часот, на стадионот „Телеком арена“ во Скопје.

Реванш средбите од 3. круг на квалификациите за Лигата на шампионите се закажани за 1. и 2. август.

Распоредот на двојките од 3. круг на квалификациите за Лигата на шампионите е следниот:

Утре:

19.00 Карабак (Азербејџан) - Шериф Тираспол (Молдавија)

19.00 Славија Прага (Чешка) - БАТЕ Борисов (Белорусија)

19.30 АЕК (Грција) - ЦСКА Москва (Русија)

19.30 ФКСБ (Романија) - Викторија Пилзен (Чешка)

20.00 Вардар (Македонија) - Копенхаген (Данска)

20.45 Партизан (Србија) - Олимпијакос (Грција)

26. јули – среда:

16.00 ФК Астан (Казахстан) - Легија (Полска)

18.30 Динамо Киев (Украина) - Јанг бојс (Швајцарија)

18.45 Салцбург (Австрија) - Ријека (Хрватска)

19.00 А. Беер Шева (Израел) - Лудогорец (Бугарија)

20.00 Виторул (Романија) - АПОЕЛ (Грчки дел на Кипар)

20.20 Марибор (Словенија) - Хабнарфјердир (Исланд)

20.45 Ница (Франција) - Ајакс (Холандија)

20.45 Селтик (Шкотска) - Розенборг (Норвешка)

21.00 Клуб Бриж (Белгија) - Медипол Башакшехир (Турција)

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.