спорт

Квалификации за СП 2018: Македонија-Шпанија 1:2

Пандев на средината на теренот го проигра во празно Ристовски, кој се впушти во соло акција и го совлада шпанецот Де Хеа, со што беа поставени конечните 1:2 на овој квалификациски натпревар

Admir Fazlagic  | 11.06.2017 - Обновена : 12.06.2017
Квалификации за СП 2018: Македонија-Шпанија 1:2 (Foto: Ilin Nikolovski/AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Репрезентацијата на Македонија со резултат 1:2 загуби од репрезентацијата на Шпанија, во квалификацискиот натпрвар од „Г" групата за Светското првенство 2018 во Русија, кој се играѓе на националната арена Филип Втори во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).

По првите 15 минути игра дојде до водство од 0-1, при што од првата своја шанса, Давид Силва доби топка шеснаестерецот и од десеттина метри успеа да го совлада голманот Столе Димитриевски.

Шпанците го зголемија водството со уште еден гол. По неколку кратки додавања и добар продор на Иско, „фуријата“ во 27. минута со голот на Давид Коста дојде до резултат 0:2.

Во второто полувреме репрезентативците на Македонија на намалија негативата на 1:2, благодарение на погодокот на Стефан Ристовски во 66. минута од натпреварот.

Пандев на средината на теренот го проигра во празно Ристовски, кој се впушти во соло акција по десната страна и на одалеченост од 15 метри од голот шутираше и го совлада шпанецот Де Хеа, со што беа поставени конечните 1:2 на овој квалификациски натпревар.

На овој натпревар свој дебитантски настап имаше младиот талентиран македонски репрезентативец Елиф Елмас, кој има само 17 години.

Елмас влезе во игра на стартот од второто полувреме на местото на Остоја Стјепановиќ.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın