Констатирани пропусти во подоготовките за УЕФА Супер купот
„Задолжен е Генералниот секретаријат на Владата, во соработка со другите надлежни министерства да ги преземе сите потребни мерки во рок од три дена и да изнајдат начин за одржување на УЕФА Супер купот", информираа од владината прес служба
Skopje
СКОПЈЕ (АА) - Владата на Република Македонија соопшти дека на синоќешната седница биле констатирани сериозни пропусти од страна на АД за стопанисување со станбен и деловен простор и на претходата Влада, во реализацијата на преземената обврска за одржување на УЕФА Супер купот 2017 на Арената „Филип 2“ во Скопје, со оглед дека стадионот не е подготвен согласно бараните стандарди на УЕФА, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Задолжен е Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, во соработка со другите надлежни министерства да ги преземе сите потребни мерки во рок од три дена и да изнајдат начин за одржување на УЕФА Супер купот, за што, како што е најавено УЕФА ќе дојде во Скопје на 21 јули да ги провери условите за одржување на натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид", се посочува во соопштението од владината прес служба.
УЕФА Супер купот е закажан за 8. август годинава, на на Арената „Филип 2“ во Скопје, на кој силите ќе ги одмерат англискиот Манчестер Јунајтед и шпанскиот Реал Мадрид.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.