спорт

Конте потпиша нов двегодишен договор со Челзи

„Во првата сезона работевме многу напорно за да постигнеме нешто неверојатно, на што сум многу горд. Сега мораме повеќе да работиме за да останеме на врвот", рече Конте

Dejan Maksimoviç  | 19.07.2017 - Обновена : 20.07.2017
Конте потпиша нов двегодишен договор со Челзи

London, City of

ЛОНДОН (AA) - Италијанскиот тренер Антонио Конте потпиша нов двегодишен договор со фудбалскиот клуб Челзи. Со тој договор Конте е врзан за Стемфорд Бриџ до 2019 година, како и порано, но со нови подобрени услови за него, јавува Anadolu Agency (AA).

Конте минатото лето кога стаса во лондонскиот клуб потпиша тригодишен договор. Новиот договор очигледно е награда од раководството на Челзи за менаџерот кој во првата сезона на клубата на првиот тим ја донесе титулата шампион на Англија.

„Многу сум среќен што потпишав нов договор со Челзи. Во првата сезона работевме многу напорно за да постигнеме нешто неверојатно, на што сум многу горд. Сега мораме шуте многу да работиме да останеме на врвот. Навивачите на Челзи ми пружија неверојатна поддршка од доаѓањето пред година дена и важно е дека заедно продолжуваме со успесите", рече Конте по потпишувањето на новиот договор.

Челси се подготвува за продолжување на сезоната, а наскоро ќе отпатува во Азија, каде ќе одигра три контролни натпревари, а противниците ќе му бидат Арсенал, Баерн Минхен и Интер.

По враќањето од азиската турнеја играчите на Челзи на 6. август на Вембли ќе се состанат со градскиот ривал Арсенал во Суперкупот на Анлија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın