спорт

Кошаркарите на Фенербахче ја освоија титулата првак на Евролигата

Водени од фантастичното навивање на околу 15.000 гледачи во истанбулската сала „Синан Ердем", тимот на Фенербахче го победи грчкиот ривал Олимпијакос со резултат 80:64 и ја освои титулата прв трофеј на Евролигата

Elvir Hociç  | 21.05.2017 - Обновена : 22.05.2017
Кошаркарите на Фенербахче ја освоија титулата првак на Евролигата

Istanbul

ИСТАНБУЛ (AA) – Кошаркарската екипа на Фенербахче го победи тимот на Олимпијакос во финалето на Туркиш Ерлајнс евролигата и ја освои првата титула на првак во историјата на овој клуб, јавува Anadolu Agency (AA).

Откако во првите натпревари на финалното доигрување ги победија тимовите на Реал Мадрид и ЦСКА Москва, Фенербахче и Олимпијакос со фантастичен финален меч ја завршија сезоната на Евролигата.

Водени од фантастичното навивање на околу 15.000 гледачи во истанбулската сала „Синан Ердем", тимот на Фенербахче го победи грчкиот ривал Олимпијакос со резултат 80:64 и ја освои титулата прв трофеј на Евролигата.

Избраниците на Жељко Обрадовиќ подобро го отворија мечот и првата четвртина ја решија со резултат во своја корист (26:18), најдобар на отворањето на мечот беше Никола Калиниќ. Првото полувреме е завршено со резултат 39:34 а најдобриот играч на Фенербахче Богдан Богдановиќ влезе во проблем сто три лични грешки.

Во продолжението е виден возбудлив меч, но Фенербахче во втората половина од третата четвртина повторно стасува до чувствителна предност и тој период го решава во своја корист (21:14). Во завршницата Фенербахче имаше повеќе концентрација и стаса до уверлива победа со резултат 80:64.

Така Фенербахче стана прв турски тим на тронот на Евролигата, а до тој успех го донесе најтрофејниот европски експерт во кошарката ,Обрадовиќ, на кого ова му беше јубилејниот 500 меч во кариерата во европскиот ранг и девета шампионска титула со петиот клуб кој го предводи.

Финалното доигрување за првак, наредната сезона од Евролигата ќе биде играно во Белград.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın