спорт

Кристијано Роналдо го изедначи рекордот на Хуго Санчез

Португалецот со гол од пенали, во 67. минута го донесе „кралскиот клуб“ во водство, и тоа беше 56. гол од единаесетерец во Премиер лигата

Bakir Tiro  | 16.01.2017 - Обновена : 16.01.2017
Кристијано Роналдо го изедначи рекордот на Хуго Санчез

Madrid

МАДРИД (АА) - Во синоќешниот пораз на Реал Мадрид на гостувањето против Севилја (1: 2) во 18. круг на Премиер лигата, Кристијано Роналдо изедначи еден од рекордите на шпанското првенство.

Португалецот со гол од пенали, во 67. минута го донесе „кралскиот клуб“ во водство, и тоа беше 56. гол од единаесетерец во Премиер лигата.

На овој начин, тој се изедначи на првото место на вечната листа на стрелци со ударите од белата точка во Премиер лигата со Мексиканецот Хуго Санчез, поранешен напаѓач на Реал Мадрид (настапуваше од ‎1985 до 1992 година, постигнувајќи вкупно 164 гола во 207 натпревари) и во Атлетико Мадрид (1981 до 1985 година, 111/54), јавува Anadolu Agency (AA).

Новиот потфат na Роналдо во кариерата остана во сенка на поразот на Реал, прв по 40 натпревари.

Реал и понатаму е прв на табелата на Пример лигата, со 40 поени, и покрај еден одигран натпревар помалку. Севилја се проби на второто место со 39 поени, следат Барселона со еден бод помалку и Атлетико Мадрид со 34 бода.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın