спорт

Лига на шампиони: Влезниците на црната берза достигнаа цена од 1.500 евра

Најскапата влезница која ја продава Европската фудбалска федерација чини 445 евра, а најевтината 69 евра

Ekip  | 03.06.2017 - Обновена : 04.06.2017
Лига на шампиони: Влезниците на црната берза достигнаа цена од 1.500 евра

Cardiff

КАРДИФ (АА) - Финалето на Лигата на шампиони е дефинитивно едно од најголемите спортски настани, што се потврдува и со фактот дека денеска на црната берза влезниците за натпреварот меѓу Јувентус и Реал се продаваат по исклучително високи цени, јавува Anadolu Agency (AA).

Влезниците пред станионот Милениум на кој вечерва ќе се одигра финалето, се продаваат по цена од дури 1.500 евра. Само како споредба, најскапата влезница која Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја продава чини 445 евра, додека најевтината 69 евра.

Полицијата на Велс предупреди навивачите да не купуваат карти на црната берза, бидејќи е можно купените карти да бидат фалсификат.

Јувентус и Реал Мадрид вечерва со почеток во 20.45 часот, на станионот Милениум ќе се борат за победничкиот пехар на Лигата на шампиони. Правдата на овој натпревар ќе ја дели германскиот судија Феликс Брих.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.