спорт

Лига на шампиони: Денес и утре ќе бидат познати последните четвртфиналисти

Во најпрестижното европско клупско натпреварување во фудбал, Лигата на шампионите, денес и утре ќе се одиграат последните четири натпревари од осминафиналето

Mutlu Demirtaştan  | 14.03.2017 - Обновена : 15.03.2017
Лига на шампиони: Денес и утре ќе бидат познати последните четвртфиналисти

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Денес и утре ќе бидат познати последните четвртфиналисти од Лигата на шампионите на УЕФА, јавува Anadolu Agency (AA).

Во најпрестижното европско клупско натпреварување во фудбал, Лигата на шампионите, денес и утре ќе се одиграат последните четири натпревари од осминафиналето.

По пласманот на германските екипи Баерн Минхен и Борусија Дортмунд и шпанските Реал Мадрид и Барселона, денес и утре ќе ги дознаеме и останатите четири екипи што ќе го продолжат натпреварувањето во Лигата на шампионите.

Реванш–натпреварите од осминафиналето ќе започнат во 20.45 часот.

Денес:

Јувентус (Италија) – Порто (Португалија), првиот натпревар заврши со 2:0

Лестер Сити (Англија) Севилја (Шпанија), првиот натпревар заврши со 1:2

15 март, среда:

Атлетико Мадрид (Шпанија) – Баерн Леверкузен (Германија), првиот натпревар заврши со 4:2

Монако (Франција) – Манчестер Сити (Англија), првиот натпревар заврши со 3:5

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.