спорт

Лига на шампиони: Одиграни 8 натпревари во групите Е, Ф, Г и Х

Покрај екипата на Тотенхем, и екипите на Бешикташ и Реал Мадрид го загарантираа своето учество меѓу 16-те најдобри екипи на Европа.

Hüseyin Burak Demirer  | 22.11.2017 - Обновена : 23.11.2017
Лига на шампиони: Одиграни 8 натпревари во групите Е, Ф, Г и Х

Ankara

АНКАРА (АА) - Вчера се одиграа 8 натпревари во групите Е, Ф, Г и Х, во 5. коло на најважното фудбалско клупско натреварување на Европа – Лига на шампионите на УЕФА, јавува Anadolu Agency (AA).

Во групата Е се одигра натпреварот меѓу Севилја и Ливерпул во борбата за врвот во групата, кој донесе големи возбудувања. Со погодоците во 2. и во 30. минута на Фирмино и погодокот на Мане во 22. минута, Ливерпул во соблекувалната замина со предност од 3:0. Но домаќинот Севилја, со погодоците во 51. и во 60. минута на Бен Једер и Пизаро во 90+3, успеа да изедначи и натпреварот да го заврши со резултат 3:3. Екипата на Спартак Москва на домашен терен ја пречека екипата на Марибор. Натпреварот заврши нерешено 1:1.

Бразилецот Роберто Фирмино од редовите на Ливерпул стана првиот фудбалер кому му успеало во првите 5 натпревари да постигне 5 погодоци.

Во натпреварите од групата Ф, се одиграа натпреварите меѓу Наполи и Шахтјор, а во вториот натпревар, Манчестер сити го пречека Фејенорд. Наполи извојува победа од 3:0 над гостинската екипата Шахтјор, додека Манчестер сити, со минимални 1:0 ја совлада екипата на Фејенорд.

Во групата Г, Бешикташ на домашен терен ја пречека екипата на Порто. Натпреварот заврши со резултат 1:1, со што турскиот претставник успеа да обезбеди пласман во наредната фаза на Лигата на шампионите. Екипата на Монако на домашен терен претрпе тежок пораз од гостинската екипа Лајпциг. Натпреварот заврши со резултат 1:4 за Лајпциг.

- Роналдо урна рекорд, Реал Мадрид се квалификуваше во наредната фаза

Во групата Х, Реал Мадрид, кој гостуваше кај Апоел, успеа да извојува победа од 6:0, со што го обезбеди своето учество во наредната фаза на Лигата на шампионите. Фудбалската ѕвезда во редовите на Реал, Португалецот Кристијано Роналдо, на двапати ги затресе мрежите на противникот, постигнувајќи вкупно 8 погодоци во овогодишното натпреварување во Лигата на шампионите.

Сметајќи ги и натпреварите и од минатата сезона во Лигата на шампионите, од почетокот на 2017 година, Роналдо успеа да постигне 18 погодоци, уривајќи го рекордот на „фудбалер што во календарска година постигнал најголем број погодоци во Лигата на шампионите”. И претходниот рекорд, постигнат во 2016 година му припаѓаше на Роналдо, со постигнати 16 погодоци во една календарска година.

Екипата на Тотенхем успеа да го совлада домаќинот Борусија Дортмунд со резултат 1:2, со што ја сочува лидерската позиција.

Во Лигата на шампионите на УЕФА се одигра 5. коло и според постигнатите резултати, табелите по групи се следните:


Група Е:

Спартак Москва - Марибор 1:1

Севилја - Ливерпул 3:3

ЕкипаОП Н ПППРП
Ливерпул5230166109
Севилја5221111108
Спартак Москва51319636
Марибор5023215-132


Група Ф:

Наполи - Шахтјор Донецк 3:0

Манчестер Сити - Фејенорд 1:0

Екипа O П НПППРП
Манчестер Сити55001331015
Шахтјор Донецк530278-19
Наполи520310916
Фејенорд5005313-100


Група Г:

Бешикташ - Порто 1:1

Монако - Лајпциг 1:4

Екипа O П Н П П ПР П
Бешикташ532094511
Порто521210827
Лајпциг52129907
Монако5023411-72


Група Х:

Борусија - Тотенхем 1:2

АПОЕЛ - Реал Мадрид 0:6

Екипа O П НПППРП
Тотенхем5410124813
Реал Мадрид5311145910
Борусија Дортмунд5023510-52
АПОЕЛ5023214-122

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.