спорт

Лионел Меси го изедначи рекордот со Герд Милер

Меси со синоќешниот погодок во 15. коло од Премиер лигата, во триумфот на својот клуб на гостувањето кај Виљареал (2:0), постигна вкупно 525 гола во дресот на Барселона

Bakir Tiro  | 11.12.2017 - Обновена : 11.12.2017
Лионел Меси го изедначи рекордот со Герд Милер

Madrid

МАДРИД (АА) - Лионел Меси успеа да направи уште еден голем потфат во кариерата. Фудбалската ѕвезда на Барселона го достигна рекордот на Германецот Герхард Милер, постигнувајќи најмногу голови во дресот на еден од клубовите од најдобрите пет лиги, пренесува Anadolu Agency (AA).

Меси со синоќешниот погодок во 15. коло од Премиер лигата, во триумфот на својот клуб на гостувањето кај Виљареал (2:0), постигна вкупно 525 гола во дресот на Барселона, колку што и Милер ја потресе мрежата на противникот настапувајќи за минхенскиот Баерн.

Аргентинецот ќе има шанса да го надмине рекордот на Милер во следното коло идниот викенд, кога Барселона на „Камп Ноу“ ќе го пречека Депортиво ла Коруна.

По 15. одиграни кола, Барселона е лидер на табелата на шпанската Пример Лига со 39 поени, пет повеќе од Валенсија, шест од Атлетико Мадрид и осум во однос на Реал Мадрид.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın