спорт

Манчестер јунајтед подготвува понуда од 98,6 милиони евра за Гризман

Гризман во јуни минатата година го обнови договорот со Атлетико Мадрид, кој за овој клуб го врзува до 2021 година

Kemal Zorlak  | 31.03.2017 - Обновена : 31.03.2017
Манчестер јунајтед подготвува понуда од 98,6 милиони евра за Гризман

Saraevo

САРАЕВО (АА) - Англискиот фудбалски клуб Манчестер јунајтед планира на крајот од сезоната да му понуди 98,6 милиони на Атлетико Мадрид, за францускиот напаѓач Aнтонио Гризман, јавува Anadolu Agency (AA).

Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, ги нарече апсурдни изјавите за тоа дека неговиот тим подготвил 200 милиони евра за Нејмар, бразилскиот напаѓач на Барселона.

Мурињо претходно изјави дека „црвените ѓаволи“ треба да се фокусираат на Гризман, освен ако тој не сака да остане и следната сезона на „Висенте Калдерон“.

Гризман во јуни минатата година го обнови договорот со Атлетико Мадрид, кој за овој клуб го врзува до 2021 година. Сепак, според известувањата на медиумите, Манчестер е подготвен да плати отштета, која би изнесувала речиси 100 милиони евра.

Доаѓањето на Французинот во нападот на Манчестер Јунајтед, заедно со Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ, најмногу ќе ги одушеви навивачите на „Олд Трафорд“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.