спорт

Меси го продолжи договорот со Барселона до јуни 2021

Меси во 2000, на 13 години стигна во „Барсино” академија од Ноелс олд бојс. Откако ги импресионираше сите во клубот, на 16 години дебитираше за првиот тим во пријателскиот натпревар со Порто

Dejan Maksimovic  | 05.07.2017 - Обновена : 07.07.2017
Меси го продолжи договорот со Барселона до јуни 2021

Barcelona

БАРСЕЛОНА (АА) - Аргентинецот Лионел Меси (30), еден од најдобрите фудбалери на денешницата, го продолжи договорот со Барселона до јуни 2021 година, соопштија од каталонскиот клуб, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Договорот ќе биде потпишан во наредните денови, кога Меси ќе дојде на клупските подготовки за наредната сезона. Клубот е многу задоволен со обновата на договорот и од посветеноста што ја покажа Меси, најдобриот играч во клупската историја, кој целата професионална кариера ја помина во Барселона и кој го водеше тимот до неверојатни успеси што никогаш не се видени во светскиот фудбал“, наведоа од Барселона.

Меси во 2000, на 13-годишна возраст стигна во „Барсино” академија од Ноелс олд бојс. Откако ги импресионираше сите во клубот, во сите старосни категории, на 16 години дебитираше за првиот тим во пријателскиот натпревар со Порто. Оттогаш за Барса одигра 583 натпревари и постигна 507 гола, со што стана најдобриот клупски стрелец во историјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.