спорт

Меси ќе се жени со својата долгогодишна девојка Антонела

Меси и Рокуцо ќе се венчаат на почетокот од летната сезона, следната година во Барселона, за време на летниот камп

Doga Kirmizioglu  | 15.12.2016 - Обновена : 16.12.2016
Меси ќе се жени со својата долгогодишна девојка Антонела

Ankara

АНКАРА (АА) - Лионел Меси, ѕвездата на екипата на Барселона, која е член на Првата шпанска лига (Ла Лига), следната година ќе се жени со својата долгогодишна девојка Антонела Рокуцо, јавува Anadolu Agency (AA).

Според вестите објавени на шпанските и аргентинските медиуми, Меси и Рокуцо ќе се венчаат на почетокот од летната сезона, следната година во Барселона, за време на летниот камп.

Се наведува дека е планирано церемонијата на вечавката да се одржи во Аргентина, во градот Росарио, каде што ќе биде организирана голема прослава со присуство на повеќе стотици гости.

Меси уште на мала возраст се запознал со Рокуцо, другарката на неговата братучетка. По долгогодишно пријателство, Меси започнатата врска ја продолжи и по префрлањето во Барселона.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.