спорт

Мурињо: Трката за титулата шампион на Англија не е готова

„Трката за титулата сѐ уште не е завршена. За шампионот ќе се одлучува во мај“

Bakir Tiro  | 14.12.2017 - Обновена : 15.12.2017
Мурињо: Трката за титулата шампион на Англија не е готова

London

ЛОНДОН (АА) - Фудбалерите на Манчестер Јунајтед со тешки маки синоќа го совладаа Борнмут со резултат 1:0, во 17. коло од Премиер лигата на Англија. На овој начин Јунајтед остана 11 поени зад градскиот ривал Манчестер Сити, лидерот на табелата на шампионатот на Англија.

„Трката за титулата сѐ уште не е завршена. За шампионот ќе се одлучува во мај“, рече по натпреварот Жозе Мурињо, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Ако беше завршена трката сега ќе бев на годишен одмор во Бразил или Лос Анџелес“, додаде Мурињо.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın