спорт

Надал обезбеди место во финалето на Австралија опен

На турнирот што се одржува во Мелбурн, Австралија, во второто полуфинале денеска се сретнаа 9. носител, Шпанецот Надал и 15. носител, бугарскиот тенисер Димитров

Doga Kirmizioglu  | 27.01.2017 - Обновена : 28.01.2017
Надал обезбеди место во финалето на Австралија опен

Ankara

АНКАРА (АА) - Во полуфиналето, во единечна машка конкуренција на првиот Гренд слем турнир оваа сезона, Австралија опен, Шпанецот Рафаел Надал, по долг и исцрпувачки меч го совлада бугарскиот тенисер Григор Димитров со резултат 3:2 (6:3, 5:7, 7:6, 6:7 и 6:4) и успеа да се пласира во финалето, каде што ќе се сретне со Швајцарецот Роџер Федерер, јавува Anadolu Agency (AA).

На турнирот што се одржува во Мелбурн, Австралија, во второто полуфинале денеска се сретнаа 9. носител, Шпанецот Надал и 15. носител, бугарскиот тенисер Димитров.

Надал, кој во претходните 8 одиграни натпревари оствари 7 победи, и овој меч го започна многу енергично. Надал освои 4 брејка и првиот сет го доби со резултат 6:3.

Во вториот сет кој беше рамноправен, тенисерите успеаја само по еднаш да освојат брејк на противничкиот сервис. Благодарение на силниот сервис и форхенд, Димитров ја презеде контролата на играта во овој сет, кој на крајот го доби со 7:5, со што резултатот беше изедначен на 1:1.

Надал, кој во својата кариера има освоено 14 Гренд слем титули, многу се измачи за да добие предност во третиот и во четвртиот сет против Димитров, кој првпат игра во полуфиналето на еден Гренд слем турнир. Во третиот и во четвртиот сет, по изедначеност od 6:6, тенисерите одигрaа тај-брејк, од кои третиот го доби Надал со 7:5, а пак четвртиот Димитров со 7:4, по што резултатот повторно беше изедначен на 2:2 во сетови.

Во финалниот сет Надал успеа да добие поени на мрежа и оствари брејк на сервисот на 9. носител на турнирот Димитров. Во преостанатиот дел од сетот, шпанскиот тенисер успеа да ја одржи предноста, добивајќи го петтиот сет со 6:4 и успеа да се планира во финалето со резултат 3:2 во сетови.

- Финале Надал – Федерер

Шпанецот Надал во 2009 година во финалето на Австралија опен беше подобар од Швајцарецот Роџер Федерер, а тие повторно ќе се сретнат во финалето на ова натпреварување, кое ќе се одржи в недела, на 29 јануари.

Двајцата тенисери досега одиграа 34 натпревари, од кои Надал има добиено 23, додека Федерер излегол како победник на 11 натпревари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.