спорт

НБА: Селтикс ја извојува 16. последователна победа

Џеди Осман, репрезентативец на Турција во редовите на Кавалирс, по потекло од Македонија, на натпреварот во кој одигра 13 минути, постигна 7 поени, 4 скока, 1 асистенција и 1 блокада

Doga Kirmizioglu  | 21.11.2017 - Обновена : 21.11.2017
НБА: Селтикс ја извојува 16. последователна победа

Ankara

АНКАРА (АА) - Екипата на Бостон селтикс во Американската кошаркарска лига НБА ѝ гостуваше на екипата Далас маверикс. Селтикс успеа во продолжението да извојува победа со резултат 102:110 и дојде до својата 16. последователна победа во најсилната кошаркарска лига во светот, пренесува Anadolu Agency (AA).

Лидерот во Источната конференција, екипата на Бостон селтикс, во последната четвртина имаше заостанување од 13 поени, но успеа во регуларниот тек на натпреварот да се избори за нерешен резултат 96:96. Во продолжението на натпреварот, благодарение на подобрата прецизност, Селтикс ги победи Маверикс со резултат 102:110.

Ова е 16. последователна победа на Селтикс, со што клубот ја постигна четвртата најдолга серија на победи во својата историја. Најпрецизен во екипата на Селтикс беше Кери Ирвинг, со 47 поени и 6 асистенции, а за победата, свој приденес дадоа и Џејлен Браун со 22 поени и 9 скока и Џејсон Татум со 15 поени.

Маверикс го доживеа својот 15. пораз сезонава, а најдобри поединци во екипата беа Харисон Барнс со 31 поен и 6 скока, Весли Метјус со 18 поени, Џ.Џ. Береј со 16 поени, а Дирк Новицки имаше дабл-дабл од 14 поени и 12 скока.

- Кавалирс влегоа во серија -

Кливленд кавалирс гостуваше кај Детроит пистонс. Екипата на Кавалирс водеше во текот на целиот натпревар и на крајот извојува победа од 88:116.

Ова е петта победа на Кавалирс во серија. Во редовите на гостинската екипа, Кевин Лав постигна дабл-дабл со 19 поени и 11 скока. Леброн Џејмс постигна 18 поени и имаше 8 асистенции, Џејлен Браун постигна 18 поени, а Хосе Калдерон 14 поени. Џеди Осман, репрезентативец на Турција во редовите на Кавалирс, по потекло од Македонија, на натпреварот во кој одигра 13 минути, постигна 7 поени, 4 скока, 1 асистенција и 1 блокада.

Пистонси го доживеа својот 6. пораз сезонава, а само тројца играчи од редовите на оваа екипа успеаја да постигнат двоцифрен број на поени. Тобијас Харис постигна 11 поени, а Реџи Џексон и Стенли Џонсон имаа по 10 поени.

- Двајца играчи на Спарс постигнаа дабл-дабл -

Сан Антонио спарс ја извојува својата 11. победа, совладувајќи ја екипата на Атланта Хокс со резултат 96:85.

Најпрецизни кај Спарс, постигнувајќи дабл-дабл, беа Ламаркус Олдриџ со 22 поена и 11 скока и Кели Андерсон со 13 поени и 10 асистенции. Ману Џинобили постигна 16, а Дени Грин 14 поени.

Атланта хокс го доживеа својот 14 пораз и се наоѓа на дното од табелата во Источната конференција. Најпрецизни во екипата на Хокс беа Џон Колинс со 21 поен и 9 скока, следат Таурин Принц со 18 поени и 8 скока и Девејн Дедмон со 11 поени и 9 скока.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.