спорт

Откажан натпревар во шведската лига: Фудбалер пријавил обид за поткуп

Во случајот се вклучија полицијата и надлежните органи, кои започнаа голема истрага за откажаниот натпревар Гетеборг − АИК, во десеттиот круг на шведската лига

Elvir Hociç  | 18.05.2017 - Обновена : 19.05.2017
Откажан натпревар во шведската лига: Фудбалер пријавил обид за поткуп

Stokholm

СТОКХОЛМ (АА) - Шведската фудбалска асоцијација го откажа дерби мечот меѓу Гетеборг и АИК, поради сомнеж за обид на местење на резултатот, пренесува Anadolu Agency (AA).

Генералниот секретар на Лигата, Хакан Сјостранд, ја потврди оваа информација и рече дека шведската куќа на фудбалот никогаш нема да дозволи такво нешто.

Натпреварот е откажан по барање на Управата на АИК, кај којашто претходно се обрати неименуван фудбалер кој призна дека вчера добил висока парична сума за да обезбеди неговиот тим да го загуби натпреварот.

Во случајот се вклучија полицијата и надлежните органи, кои започнаа голема истрага за откажаниот натпревар Гетеборг − АИК, во десеттиот круг на шведската лига.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın