спорт

Пепе: Зидан и Реал Мадрид пред мене знаеја дека ќе си одам

„Не се збогував од Зидан, бидејќи тој и Реал Мадрид пред мене знаеја дека ќе си одам“, рече 34-годишниот Пепе

Şenhan Bolelli  | 06.06.2017 - Обновена : 07.06.2017
Пепе: Зидан и Реал Мадрид пред мене знаеја дека ќе си одам

Madrid

МАДРИД (АА) - Португалецот Пепе, кој по истекот на договорот го напушти шпанскиот прволигаш Реал Мадрид, го критикуваше тренерот Зинедин Зидан и управата на клубот, јавува Anadolu Agency (AA).

Дефанзивецот за шпанските медиуми изјави дека со неговиот договор со Реал Мадрид, во кој играше десет сезони, не му било понудено она што го очекувал.

„Не се збогував од Зидан, бидејќи тој и Реал Мадрид пред мене знаеја дека ќе си одам“, рече 34-годишниот Пепе.

Тој смета дека Зидан не се однесувал фер кон него и покрај фактот што бил многу успешен во Реал Мадрид, и дека повеќе му се допаѓа ставот на поранешниот тренер Рафаел Бенитез.

Пепе додаде дека му бил понуден договор за една сезона, додека тој очекувал договор за две сезони.

„Постапката на Реал Мадрид не беше искрена. Дадов сѐ за овој клуб. Се борев до последната капка крв и пот. Но, многу работи научив. Среќен сум. Сега ќе започнам нов период“, изјави Пепе.

Истакна дека добил понуди од ФК Парис Сен Жермен, ФК Милано и неколку англиски клубови и дека ќе ги разгледа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.