спорт

Преглед на 4 лиги во Европа – пораз на Реал по 40 последователни победи

Продолжува возбудата на терените од 4-те најголеми фудбалски лиги во Европа, Премиер лигата (Англија), Ла Лига (Шпанија), Серија А (Италија) и Лига 1 (Франција)

Mutlu Demirtaştan  | 16.01.2017 - Обновена : 18.01.2017
Преглед на 4 лиги во Европа – пораз на Реал по 40 последователни победи

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Продолжува возбудата на терените од 4-те најголеми фудбалски лиги во Европа, Премиер лигата (Англија), Ла Лига (Шпанија), Серија А (Италија) и Лига 1 (Франција), јавува Anadolu Agency (AA).

Челзи во Англија, Реал Мадрид во Шпанија, Јувентус во Италија и Монако во Франија се на лидерската позиција на крајот од ова фудбалско коло.

- Ла Лига -

Во судиското продолжение, екипата на Реал Мадрид загуби на гостувањето во Севилја, со резултат од 2:1, со што е прекината серијата на Реал Мадрид од 40 последователни добиени натпревари.

Екипата на Барселона на домашен терен беше подобра од екипата на Лас Палмас со 5:0, а покрај двата погодока на Луис Суарез, по еден на Лионел Меси и на Алексис Видал, погодок за екипата на Барселона постигна и репрезентативецот на Турција во редовите на Барселона, Арда Туран. По овие победи, тимовите на Севилја и на Барселона се приближија на чекор до лидерот во шпанската фудбалска лига.

Во 18. коло од натпреварите на Ла лига, со еден натпревар помалку, на лидерската позиција во шпанската лига е екипата на Реал Мадрид, со 40 поени, додека зад него се Севилја со 39 поени и Барселона со 38.

- Премиер лига -

Лидерот Челзи во 21. коло на Премиер лигата му беше домаќин на Лестер Сити. Овој натпревар Челзи го доби со резултат 3:0.

Со резултат 4:0, екипата на Тотенхем го совлада гостинот Вест Бромвич Албион, а Арсенал во гости истиот резултат го постигна против екипата на Свонзи Сити. Евертон како домаќин ја совлада екипата на Манчестер Сити со 4:0, и му нанесе голем удар во борбата за лидерската позиција.

Еден од дерби-натпреварите на премиер лигата беше дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул, кој заврши нерешено, со резултат 1:1.

Челзи е на лидерската позиција со 52 поена. Следат екипите на Тотенхем и Ливерпул со 45, Арсенал 44, Манчестер Сити 42 и Манчестер Јунајтед 40 поени.

- Серија А -

Со еден натпревар помалку, и покрај поразот од Фиорентина, 2:1 на гости, екипата на Јувентус останува на првото место по 20. коло во Серија А.

Рома, Наполи и Лацио ја искористија својата шанса за да ја намалат разликата во поени на табелата во италијанската серија А, по поразот на Јувентус. Наполи ја совлада Пескара со 3:1, Лацио беше подобар од Аталанта со резултат 2:1, а пак Рома го совлада Удинезе со резултат 1:0.

Јувентус е лидер во Серијата А со 45 поени, Рома има е поен помалку, Наполи 4, а Лацио 5 поени помалку.

- Лига 1 -

Монако во 20. коло на француската Лига 1 ја совлада екипата на Олимипик Марсеј со резултат 4:1. Екипата на Ница загуби поени, а тоа му овозможи на тимот на Монако да ја преземе лидерската позиција.

Ница на сопствен терен изигра нерешено, 0:0 со Мец, и во последните 4 недели на трипати загуби поени.

Екипата на Пари Сен Жермен, којашто во последните 4 години е шампион на Франција, на гостувањето во Рен извојува победа од 1:0 благодарение на Јулијан Дракслер, кој дојде од германскиот клуб Волфсбург.

Монако се наоѓа на лидерската позиција со 45 поени, колку што има и Ница, но со полоша гол разлика, ПСЖ е третопласиран со 42 поени.

- Возбудата во Бундес лигата започнува оваа недела -

По пауза од еден месец, Бундес лигата ќе започне оваа недела со натпреварите што ќе се одиграат на 20, 21 и 22 јануари.

Пред почетокот на 17. коло на Бундес лигата, на лидерската позиција се наоѓа екипата на Баерн Минхен со 39 поени, потоа следи Лајпциг со 36, Херта Берлин 30, Ајнтрахт Франкфурт 29, Хофенхајм 28 и Борусија Дортмунд со 27 поени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.