спорт, живот

Роналдо им даде поддршка на децата Рохинџи

Поддржувачот на „Спасете ги децата“, Роналдо, го привлече вниманието на светот кон децата Рохинџи преку објавување фотографија на социјалните мрежи

Serhat Bağbars  | 15.02.2018 - Обновена : 17.02.2018
Роналдо им даде поддршка на децата Рохинџи

Istanbul

ИСТАНБУЛ (AA) - Кристијано Роналдо, познатиот фудбалер на „Реал Мадрид“ и Португалија, објави фотографија на социјалните мрежи за децата Рохинџи, јавува Anadolu Agency (AA).

Роналдо, поддржувачот на невладината организација „Спасете ги децата“ („Save the Children“), за да го привлече вниманието кон муслиманите Рохинџи, ја објави следната порака на социјалните мрежи: „За свет во кој сите деца се згрижени и сакани. Ве молам, помогнете“.

Португалскиот фудбалер со ознаката „Rohingya“ и „Refugee“, сподели фотографија на семејство Рохинџи на која таткото го држи своето дете и фотографија со неговите 4 деца.

Исто така, Роналдо, кој претходно ги поддржа сириските деца преку организацијата „Спасете ги децата“, донираше храна, облека и медицинска помош за семејствата во Сирија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.