спорт

Роналдо: Фудбалот е мојот живот и мојата страст

Роналдо ги негираше шпекулациите дека би можел да го напушти Реал Мадрид и истакна дека во наредниот период сака да освојува трофеи со најголемата екипа во Лигата на шампионите на УЕФА

Bakir Tiro  | 25.07.2017 - Обновена : 25.07.2017
Роналдо: Фудбалот е мојот живот и мојата страст

Madrid

МАДРИД (АА) - Португалецот Кристијано Роналдо (32) ги негираше шпекулациите дека би можел да го напушти Реал Мадрид и истакна дека во наредниот период сака да освојува трофеи со најголемата екипа во Лигата на шампионите на УЕФА, јавува Anadolu Agency (AA).

„Прекрасно беше да се освојуваат трофеи минатата сезона, но исто така и индивидуални награди. Сепак, мора да се работи напорно, од година во година. Така и ќе продолжам. Фудбалот е мојот живот. Фудбалот е мојата страст“, изјави Роналдо за шпанскиот весник „Marca“ (Марка).

Роналдо минатата сезона со Реал Мадрид, за кој е го врзува договор до 2021 година, ја освои Лигата на шампионите и стана шампион на Шпанија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın