спорт

Сент Мориц: Австриецот Хиршер светски шампион и во слалом

По освојувањето на златото во велеслалом, Хиршер и денес во двете возења беше подобар од конкуренцијата и убедливо ја освои титулата првак на светот и во технички најтешката дисциплина - слаломот

Elvir Hociç  | 19.02.2017 - Обновена : 20.02.2017
Сент Мориц: Австриецот Хиршер светски шампион и во слалом

Sent Moric

СЕНТ МОРИЦ (АА) - Последниот ден од Светското првенство во алпско скијање во швајцарскиот Сент Мориц, злато во слалом освои и Марсел Хиршер, јавува Anadolu Agency (AA).

По освојувањето на златото во велеслалом, Хиршер и денес во двете возења беше подобар од конкуренцијата и убедливо ја освои титулата првак на светот и во технички најтешката дисциплина - слаломот.

Сребро, денес во Сент Мориц освои уште еден Австриец, Мануел Фелер, кој од Хиршер беше побавен за 68 стотинки.

На подиумот денес се качи и германскиот скијач Феликс Нојротер, кој освои бронзен медал, а од Хиршер беше побавен за 93 стотинки.

Победникот на пет од девет овосезонски саломи на Светскиот куп, Норвенжанецот Хенрик Кристоферсен, четврто место од Германецот Нојротер доцнеше само 11 стотинки.

Второпласираниот и третопласираниот од првиот круг на возење, Марк Шрарц и Мајкл Мат не го издржаа притисокот во второто возење и завршија на седмо и осмо место.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın