спорт

Сериjа А: Наполи и Интер одиграа нерешено

Со овој резултат Наполи ги зголеми своите бодови на 25 и ја зачува лидерската позиција, додека Интер се наоѓа на второто место со 23 бодови

Doga Kirmizioglu  | 22.10.2017 - Обновена : 22.10.2017
Сериjа А: Наполи и Интер одиграа нерешено

Ankara

АНКАРА (АА) - Клубот од италијанската прва фудбалска лига (Серија А), одигра нерешено на свој терен со резултат 0:0 против Интер, јавува Anadolu Agency (AA).

Во деветото коло од Лигата, лидерот на табелата, Наполи, кој нема пораз в првите осум натпревари, на стадионот Сао Паоло го пречека својот противник, Интер, кој се наоѓа на второто место на табелата.

Двете екипи не ги искористија шансите во текот на натпреварот, и не постигнаа ниту еден гол.

Со овој резултат Наполи ги зголеми своите бодови на 25 и ја зачува лидерската позиција, додека Интер се наоѓа на второто место со 23 бодови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın