спорт

Словенците низ улиците на Љубљана ја славеа титулата кошаркарски прваци на Европа

Низ цела Словенија граѓаните синоќа го прославуваа освојувањето на трофејот, а вечерва се очекува и спектакуларен пречек на кошаркарите, кои ги предводи најдобриот играч на Евробаскетот, Горан Драгиќ

Elvir Hocic  | 18.09.2017 - Обновена : 18.09.2017
Словенците низ улиците на Љубљана ја славеа титулата кошаркарски прваци на Европа Aleš Beno/АА

Ljubljana

ЉУБЉАНА (АА) - Неколку илјади граѓани синоќа излегоа на улиците на Љубљана и до раните утрински часови ја прославуваа титулата шампиони на Европа, која минатата ноќ ја освои кошаркарската репрезентација на Словенија во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).

Во возбудливото финале на Евробаскет 2017 во салата „Синан Ердем“ во Истанбул, Словенците синоќа ја победија Србија со резултат 93:85, и ја освоија својата прва титула шампиони на Европа.

Низ цела Словенија граѓаните синоќа го прославуваа освојувањето на трофејот, а вечерва се очекува и спектакуларен пречек на кошаркарите, кои ги предводи најдобриот играч на Евробаскетот, Горан Драгиќ.

Прославата е најавена да се одржи на Конгресниот плоштад во Љубљана, а словенската Железница бесплатно ќе ги превезува навивачите од сите делови на земјата кон Љубљана. Условот за бесплатен билет е да се има навивачки реквизит. 

Организаторите на спектаклот во Љубљана се надеваат дека најавеното невреме вечерва нема да им ја расипе забавата, а како резервен план подготвија и прославување во сала.

- Првпат во историјата: Кошаркарите на Словенија прваци на Европа -

Кошаркарската репрезентација на Словенија е шампион на Европа, за првпат во историјата на својата земја.

Во драматичниот финален меч од Евробаскетот во Истанбул, Словенците ја победија Србија со резултат 93:85 (по четвртини 20:22, 36:25, 15:20, 22:18).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın