спорт

Со осум титули Зидан е еден од најуспешните тренери на Реал Мадрид

Францускиот фудбалски експерт, Зинедин Зидан, за две години на клупата на шпанскиот Реал Мадрид освои осум титули и стана втор најуспешен тренер во 115. годишна историја на кралскиот клуб

Yunus Kaymaz  | 20.12.2017 - Обновена : 20.12.2017
Со осум титули Зидан е еден од најуспешните тренери на Реал Мадрид

Madrid

МАДРИД (АА) - ЈУНУС КАЈМАЗ - Францускиот фудбалски експерт, Зинедин Зидан, за две години на клупата на шпанскиот Реал Мадрид освои осум титули и стана втор најуспешен тренер во 115. годишна историја на кралскиот клуб, јавува Anadolu Agency (AA).

Своевремено и најдобриот фудбалер на светот како играч од 2001 до 2006 година со Реал Мадрид освои шест трофеи, а како тренер за две години во витрините на тимот од „Сантјаго Бернабеу“ донесе осум титули.

Реал со Зидан на клупата од месец јануари минатата година освои по две титули во Лигата на шампиони, во Суперкупот на Европа и Светскиот клупски првак и по една титула во шпанската Ла Лига и во националниот Супер куп.

Она што навивачите на Реал Мадрид особено ги радува е тоа што во ерата на успеси на Зидан, најголемиот ривал на Барселона освои двојно помалку , односно четири трофеи. Каталонскиот гигант во изминатите две години доби два трофеи на Купот на кралевите и по еден во шпанската Ла Лига и Супер купот на Шпанија.

Со осум титули Зидан го надмина славниот шпански стручњак Висенте Дел Боске, кој на клупата на Реал Мадрид освои седум трофеи и се изедначи со Луис Моловни, кој своевремено исто така освои осум титули.

Подобар од Зидан во историјата на Реал Мадрид е само легендарниот Мигел Муњос, кој од 1960 до 1974 година на клупата на „кралскиот тим“ освои вкупно 14 титули.

Францускиот стручњак Зидан, Реал Мадрид од клупата го водеше на вкупно 115 натпревари, а статистички гледано секој 14. меч освојуваше по некој трофеј. Забележа вкупно 84 поебди, 21 реми и десет порази. Интересно е дека Реал Мадрид со Зидан на клупата не е поразен ниту во еден финален меч во сите натпревари.

Реал Мадрид моментално со натпревар помалку заостанува со 11 бодови зад лидерот на табелата на Ла Лига, Барселона, а Зидан сака да го подобри впечатокот претстојниот викенд кога на распоредот е дербито „Ел Класико“. Зинедин Зидан како тренер го предводеше „кралскиот клуб“ во вкупно пет натпревари против Барселона и забележа три победи, по еден реми и пораз.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın