спорт

Трансфер: Игуаин ќе го носи бројот 9 во Јувентус

Голгетерот на италијанскиот фудбалски клуб Наполи, Гонзало Игуаин, за 90 милиони евра прејде во Јувентус, со што го скрши рекордот за трансфер во Првата италијанска фудбалска лига „Серија А".

Hüseyin Burak Demirer  | 27.07.2016 - Обновена : 29.07.2016
Трансфер: Игуаин ќе го носи бројот 9 во Јувентус

Ankara

АНКАРА (АА) - Голгетерот на италијанскиот фудбалски клуб Наполи, Гонзало Игуаин, за 90 милиони евра прејде во Јувентус, со што го скрши рекордот за трансфер во Првата италијанска фудбалска лига „Серија А". Во новиот клуб Игуаин ќе го носи дресот со број 9, јавува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на Јувентус, црно-белиот клуб за услугите на Игуаин на Наполи му исплатил 90 милиони евра, и голгетерот потпишал петогодишен договор. Игуаин за извршување на лекарска контрола пристигна во Торино.

Навивачите со голем интерес го пречекаа 28 годишниот фудбалер, кој даваше пози со дресот со број 9, кој ќе го носи во новата сезона.

Аргентинскиот репрезентативец Игуаин со постигнатите 36 погодоци во сезоната 2015/16 се изедначи со рекордот на Џино Росери од сезоната 1928/29.

Игуаин со овој трансфер влезе во историјата на фудбалот како трет најскап трасфер, по оној на Герет Бејл кој за 101 милион евра прејде од редовите на Тотенхем во Реал Мадрид и трансферот на Кристијано Роналдо кој за 94 милиони евра прејде од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.