спорт

Утре ќе бидат познати финалистите на Лигата на Европа

Во утрешните реванш-натпревари од полуфиналето на Лигата на Европа, екипата на Лион ќе му биде домаќин на Ајакс, додека Манчестер Јунајтед ја пречекува Селта Виго

Hüseyin Burak Demirer  | 10.05.2017 - Обновена : 11.05.2017
Утре ќе бидат познати финалистите на Лигата на Европа

Ankara

АНКАРА (АА) - Утре ќе се одиграат реванш-средбите од полуфиналето од Лигата на Европа, јавува Anadolu Agency (AA).

Утрешните реванш-средби на Лигата на Европа започнуваат во 21.05 часот, по што ќе бидат познати финалистите на ова натпреварување.

Францускиот клуб Лион е домаќин на холандски Ајакс, од кој на гостински терен загуби со резултат 4:1.

Фаворитот за освојување на купот на Лигата на Европа, англискиот претставник Манчестер Јунајтед, дома ќе го пречека шпанскиот клуб Селта Виго. Во Шпанија, Манчестер Јунајтед победи со резултат 0:1.

Финалето на Лигата на Европа 2017 ќе се одигра на 24 мај, на стадионот Френдс Арена во Стокхолм, главниот град на Шведска.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.