спорт

ФИБА одобри жените да можат да играат кошарка со шамија

Според одлуката којашто ќе започне да се спроведува од 1 октомври 2017, шамијата не треба да покрива ниту еден дел од лицето на кошаркарката, а ќе може да биде црна, бела или во боите на тимот

Doga Kirmizioglu  | 04.05.2017 - Обновена : 06.05.2017
ФИБА одобри жените да можат да играат кошарка со шамија AA/Alicia Kolenovic Kwoka

Ankara

АНКАРА (АА) - Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) донесе одлука со којашто жените кошаркарки ќе можат да играат со шамија на главата, јавува Anadolu Agency (AA).

На состанокот на ФИБА, кој се одржува во Хонг Конг, донесена е одлука според којашто доколку сакаат, кошаркарките ќе можат на теренот да излезат со шамија на главата.

Според одлуката којашто ќе започне да се спроведува од 1 октомври 2017 година, шамијата не треба да покрива ниту еден дел од лицето на кошаркарката, а ќе може да биде црна, бела или во боите на тимот за кој игра кошаркарката. Доколку шамија користат повеќе кошаркарки во тимот, тогаш треба тие да бидат во иста боја. Околу лицето и вратот нема да има патент или копче кои би биле причина за отворање на шамијата.

Прашањето за измени на правилата на ФИБА околу користењето шамии од страна на кошаркарките за првпат е отворено во 2014 година. Како тест-период, во траење од две години шамиите се користеа само во националните лиги и по направениот извештај за користењето на шамиите од страна на кошаркарките, на крајот е постигнат позитивен одговор. Во тие рамки, со одбрувањето од страна на раководството на ФИБА и од членките на федерацијата, кошаркарките ќе можат и на меѓународните натпревари да играат со шамија на главата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın