Фиго: Кристијано Роналдо не е неопходен
Поранешниот португалски фудбалер, Луис Фиго, истакна дека не е неопходен Кристијано Роналдо, за кого се тврди дека сака да го напушти шпанскиот клуб, Реал Мадрид
Istanbul
ИСТАНБУЛ (АА) - Поранешниот португалски фудбалер, Луис Фиго, истакна дека не е неопходен Кристијано Роналдо, за кого се тврди дека сака да го напушти шпанскиот клуб, Реал Мадрид откако против него беше отворена истрага со обвинение за затаен данок, јавува Anadolu Agency (AA).
Четириесет и четиригодишниот Фиго, кој одигра голем број национални и меѓународни победи во својата фудбалска кариера со Спортинг Лисабон, Барселона, Реал Мадрид и Интер, даде изјава за португалските медиуми во врска со Роналдо, кој од страна на Јавното обвинителство во Мадрид е обвинет дека во периодот 2011 – 2014 година има затаено данок во висина од 14,75 милиони евра.
„Името на клубовите како Реал Мадрид е поголемо од сите, вклучувајќи го и претседателот. Не само Роналдо, туку мислам дека никој не е неопходен“, вели Фиго, истакнувајќи дека фудбалските клубови нема да бидат зависни само од еден фудбалер.
Фиго пренесе дека заминувањето на Роналдо од клубот е поврзано со повеќе фактори. „Ова е негова лична одлука. Ако некој сака нешто да се реализира, тој тоа ќе го заврши. Но јас не го гледам ова како нешто можно“, рече тој.
Поранешниот репрезентативец Фиго во 2000 година беше трансфериран од Барселона во Реал Мадрид, со рекордна цена. Фиго со дресот на Реал Мадрид освои две победи во лигата, и два шпански супер купа, една победа во Лигата на шампионите на УЕФА, како и една победа во Супер купот на УЕФА.