спорт

Фудбалерите на Фенербахче пристигнаа во Скопје

Фудбалерите на турскиот клуб „Фенербахче“ денеска пристигнаа на скопскиот аеродром „Александар Велики“, во пресрет на нивниот утрешен натпревар во рамките на плејофот за Лига Европа, со најтрофејниот македонски фудбалски клуб „Вардар“ од Скопје

Admir Fazlagic  | 16.08.2017 - Обновена : 16.08.2017
Фудбалерите на Фенербахче пристигнаа во Скопје (Foto: Admir Fazlagic/AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Фудбалерите на турскиот клуб Фенербахче денеска пристигнаа на скопскиот аеродром „Александар Велики“ во пресрет на нивниот утрешен натпревар во рамките на плејофот за Лига Европа, со најтрофејниот македонски фудбалски клуб „Вардар“ од Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).

На аеродромот, фудбалерите на „Фенербахче“ беа пречекани од делегацијата на амбасадата на Република Турција во земјава, предводена од амбасадорката Тулин Еркал Кара.

Од скопскиот аеродром, фудбалерите на турскиот фудбалски клуб се упатија кон центарот на Скопје, каде што ќе бидат сместени во хотел.

При нивното доаѓање во Скопје, тимот на „Фенербахче“ беше причекан од група навивачи на овој фудбалски клуб, кои со аплауз и овации ги поздравија нивните омилени играчи.

Според најавеното, во вечерните часови тимовите на двата фудбалски клуба ќе одржат одделни прес-конференции и тренинг, со цел да се подготват за утрешниот меч кој ќе се одигра на националната арена „Филип Втори" во Скопје.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.