спорт

Фудбалерот Муриќ: Можеби најдобро го разбирам она што се случува во Сирија

„Можеби јас сум еден од оние на кои најдобро им е познато сето она што го гледаме на телевизија за Сирија. Единствено Турција е таа што им подава рака“, вели Муриќ

Musa Samur  | 30.12.2016 - Обновена : 01.01.2017
Фудбалерот Муриќ: Можеби најдобро го разбирам она што се случува во Сирија

Ankara

АНКАРА (АА) - Муса Самур - Ведат Муриќ е млад фудбалер од Косово кој настапува во дресот на турскиот прволигаш „Генчлербирлиги“, а љубовта кон фудбалот ја наследил од својот татко, кој како професионален фудбалер починал од срцев удар за време на натпревар, јавува Anadolu Agency (AA).

Роден е во 1994 година, а за АА зборуваше за војната во Сирија, Косово, но и за детството за време на војната во Косово. Во времето на распаѓањето на Југославија живеел во Косово и од тој период има лоши спомени. Како што изјави, се сеќава дека морал да го напушти домот и да најде ново засолниште со своето семејство.

„За време на војната живеевме во една куќа со уште 50 до 55 лица. Два дена спиевме во подрум, на шишиња“, раскажа младиот репрезентативец на Косово.

Тој се потсети дека неговата мајка плачела кога тие барале храна бидејќи не можела тоа да им го овозможи. Им фалело сѐ, храна, пијалаци...

„Можеби јас сум еден од оние на кои најдобро им е познато сето она што го гледаме на телевизија за Сирија. Единствено Турција е таа што им подава рака“, вели Муриќ.

Како што вели тој, сонувал дека еден ден ќе дојде во ситуацијата во која е денес, да игра во Турција и да има убав живот.

Младиот фудбалер се потсети и на својот татко, кој бил професионален фудбалер и починал на еден натпревар, кога доживеал срцев удар.

Фудбалот, како што вели, го засакал поради својот татко.

„Чичко ми беше ракометар, а татко ми фудбалер. Татко ми почина за време на натпревар од срцев удар. Некогаш размислувам за тоа зошто се занимавам со оваа работа. Горд сум бидејќи тоа е моја професија, се надевам дека и тој е горд исто така“, истакнува Муриќ.

За репрезентацијата на Косово рече дека станува збор за млад тим.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.