спорт

Џерард се враќа во Ливерпул како тренер на академија

„Се чувствувам како да сум затворил круг. Се враќам на местото каде ја започнав професионалната фудбалска кариера. Но одлуката не произлезе од емоции туку на основа што можам да понудам и да придонесам за Ливерпул", вели Џерард

Dejan Maksimoviç  | 21.01.2017 - Обновена : 22.01.2017
Џерард се враќа во Ливерпул како тренер на академија

Liverpool

ЛИВЕРПУЛ (AA) – Стивен Џерард се враќа во фудбалскиот клуб Ливерпул за кој пред да замине во САД играл цели 17 години. Овој пат тој има сосема различна улога, ќе биде еден од тренерите на клупската академија за млади, јавува Anadolu Agency (AA).

Поранешниот капитен на Ливерпул ќе работи во клупскиот комплекс за млади во Киркби, помагајќи во професионален развој на младите фудбалери во академијата.

„Се чувствувам како да сум затворил круг. Се враќам на местото каде ја започнав професионалната фудбалска кариера. Но одлуката не произлезе од емоции туку на основа што можам да понудам и да придонесам за Ливерпул", вели Џерард за британските медиуми и додава:

„Сметам дека не е потребно објаснување какво значење има за мене овој фудбалски клуб. Но кога се враќав, сакав да бидам сигурен дека тоа е конкретна улога и работа во која би можел организациски да помогнам."

Џерард го одигра последниот натпревар за ЛА Галакси на 6. ноември 2016. година. Веднаш потоа доби понуда од англискиот клуб МК Донса a да стане нивен менаџер при што таквата опција ја одби. Заминувањето во играчка пензија го објави на 24. ноември во својата 36. година.

Во дресот на Ливерпул од 1998. до 2015. година Џерард одигра 710 натпреварувачи натпревари и постигна 186 гола. Потоа замина во ЛА Галакси, каде помина неполни две години играјќи 38 натпревари и пет погодоци. Со Ливерпул ги освои сите трофеи освен шампионатот на Англија, што му остана неостварена желба. Во дресот на националниот тим на Англија настапи 114 пати и 21 се запиша во стрелци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.